Дома Фудбал Кутињо: Никогаш не се знае што носи иднината!

Кутињо: Никогаш не се знае што носи иднината!

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо синоќа постигна два гола против Севиља и за момент се ослободи од критиките.

Бразилецот преживува тешки моменти на „Камп Ноу“ и моментално е втор избор кај Валверде, па медиумите шпекулираат дека ќе биде продаден.

„Никогаш не се знае што носи иднината. Јас мислам единствено на сегашноста и се обидувам да му помогнам на тимот“, изјави Кутињо.

„Поминувам низ не многу добар период, но важно е да работам. Јасно дека понекогаш работите не одат во вистинска насока, но јас се трудам многу. Среќен сум за победата и пласманот во следната фаза“, заклучи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…