Дома Фудбал Куман: Титула? Да бидеме реални

Куман: Титула? Да бидеме реални

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не изгледа оптимист кога е трката за титулата во Примера во прашање.

Каталонците во моментов имаат цели 10 бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид, кој има и натпревар помалку.

„Се бориме за секој трофеј, но треба да бидеме реални. Атлетико има голема предност и игра одлично. Притоа, „јорганџиите“ оваа недела ќе одмараат, а ние играме во Купот, а после потоа во првенството. Имаме натпревар на секои три дена и не можиме да тренираме добро. Сепак, ќе се обидеме да го направиме невозможното“, изјави Куман.

Утре Барселона му гостува на Рајо Валекано во 1/8-финалето од Купот и се очекува на тој меч да се врати во тимот Лео Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен пресврт на Баерн, Левандовски го доби дуелот со Халанд 🎥

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар кој на крајот им припадна…