Дома Фудбал Кристиано Роналдо брзо се врати во Манчестер

Кристиано Роналдо брзо се врати во Манчестер

Кристиано Роналдо се врати назад во Англија и денес се појави во базата на Манчестер Јунајтед за денешниот тренинг.

За време на викендот тој изненадувачки замина за Португалија, а после тоа излезе информација дека е повреден. Поради тоа Роналдо не играше во градското дерби со Манчестер Сити.

Се очекуваше Роналдо подолго да остане во татковината, бидејќи следниот меч на „црвените ѓаволи“ е дури во сабота. Од клубот не дадоа никакви информации за неговото враќање.

Меѓутоа, денес Роналдо се појави во базата за денешниот тренинг, а нема информации за неговата здравствена состојба и дали е спремен за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…