Дома Фудбал „Крвникот“ на Јувентус од четвртфиналето против Реал одново досуди спорен пенал во 90-та минута (ВИДЕО)

„Крвникот“ на Јувентус од четвртфиналето против Реал одново досуди спорен пенал во 90-та минута (ВИДЕО)

дВо овие моменти се игра натпреварот помеѓу Вотфорд и Вулверхемптон во полуфиналето од ФА Купот и тоа донесе многу возбудувања.

Вулверхемптон беше пред победа и водеше со 0:2 се до 79-тата минута, а тогаш Вотфорд преку Жерар Делофеу со вистинско ремек дело намали на 1:2. Вотфорд тргна по гол за изедначување до кој на крајот и стигна, иако многумина ќе кажат од сомнителна ситуација.

Судијата кој минатата година крена огромна прашина во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, Мајкл Оливер досуди спорен пенал како и тогаш во судиското продолжение.

Тогаш го однесе Реал во следната фаза, а денес тој гол беше доволен за Вотфорд да избори продолженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од 0-2 до ерупција на „Олд Трафорд“: Куња ја урна Рома, па доби црвен!

Манчестер јунајтед ја прекина кризата со пресврт за 3-2 против Рома во Лигата на шампионит…