Дома Фудбал Кој ќе го наследи Бенитез? Во игра и две англиски легенди

Кој ќе го наследи Бенитез? Во игра и две англиски легенди

Eвертон одлучи да се раздели со менаџерот Рафаел Бенитез откако екипита беше поразена од Норвич.

Привремено Евертон ќе го води Данкан Фергусон. Во меѓувреме во медиумите се појавуваат информации кој би можел да биде наследникот на Бенитез, се споменуваат четири имиња.

Во јавноста како најсериозни кандидати се издвоија Роберто Мартинез, Нико Ковач, Вејн Руни и Френк Лампард. Англиските медиуми наведуваат дека во предност се двете англиски легенди.

Лампард е без ангажман откако во минатата сезона заработи отказ од Челзи, додека Руни го води Дерби и ако се знае целата ситуација на овој клуб бележи позитивни резултати. Руни е поранешен играч на Евертон и има посебна врска со навивачите, па неговото доаѓање сигурно би било дочекано со еуфорија.

Во овој момент Евертон со 19 освоени бодови е на 16-тата позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…