Италијанската Серија А оваа сезона е далеку највозбудлива од најсилните пет лиги, а вечерашната победа на Наполи во Торино над Јувентус дополнително ја разгори ситуацијата четири кола пред крајот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јуве има 85, а Наполи 84 бода и до крајот на првенството се е навистина отворено. Наполи има полесен распоред од Јувентус, кој ќе им гостува на Интер и Рома, но бодот предност кој го има Јуве во моментов можеби да биде и клучен. Јувентус во Наполи славеше со 1:0, а Наполи со идентичен резултат славеше во Торино. Затоа, двата клуба имаат ист меѓусебен скор и, во случај на еднаков број на бодови до крајот на сезоната ќе одлучува гол разликата.
И едните и другите имаат импресивна гол разлика, но Јувентус сепак има многу подобра. „Старата дама“ има +58 (78:20), а Наполи +48 (71:23) и тешко е да се очекува дека ситуацијата во овој сегмент ќе се промени, бидејќи до крајот има уште четири натпревари. Во секој случај, Наполи и Јувентус до крајот на сезоната ќе водат мртва трка и ќе одлучуваат нијанси. Но, ако бидат изедначени, шампион ќе биде Јувентус и тоа е мала утеха за нив по вчерашниот проаз кој ја искомплицира работата.