Дома Топ вести Кој е фамозниот Пини Захави кој ќе донесе две големи ѕвезди во Реал Мадрид!?

Кој е фамозниот Пини Захави кој ќе донесе две големи ѕвезди во Реал Мадрид!?

Пинас Пини Захави се смета за еден од најдобрите менаџери на светот и познат е по тоа што ги раскинува договорите на големите играчи со големите клубови.

Во фудбалскиот свет влегува во 1979 година кога почна да раководи со кариерата на Рио Фердинанд, кога го однесе од Вест Хем во Лидс, а потоа и во Манчестер Јунајтед во рекорден трансфер за еден дефанзивец во 2002 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пини исто така имаше голема улога кога Роман Абрамович го купуваше Челзи. Имено, кога рускиот тајкун се одлучи да го купи лондоснкиот клуб му се обрати прво на Захави кој му го „среди“ трансферите на Петр Чех и Есиен.

Захави беше човекот кој ги донесе Карлос Тевез и Хавиер Маскерано, најпрво во Вест Хем, а потоа едниот во Манчестер другиот во Ливерпул.

Сега го превзеде менаџирањето со Роберт Левандовски и има само една цел – да го однесе во Реал Мадрид на лето. Минатото лето беше медијатор на трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ и доби провизија од 12 милиони евра.

Сега повторно би можел да посредува за трансферот на Нејмар, но овој пат на „Сантиаго Бернабеу“. Познато е дека Захави има одличен однос со Флорентино Перез.

Захави не е сличен на агентите како Жорге Мендеш и Мино Раиола, бидејќи е многу подискретен во преговорите, притоа тој не се врзува со играчите за постојано, туку само посредува во нивните трансфери, а одбива провизија од трансферите.

Од него ова лето се очекува да ги донесе Нејмар и Левандовски на „Сантиаго Бернабеу“, а колку ќе го „почести“ Перез за тоа….ќе дознаеме благовремено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…