Дома Фудбал Костарика ја шокира Јапонија🎥

Костарика ја шокира Јапонија🎥

Костарика приреди изненадување и ја победи Јапонија со 1:0, со што додатно ја направи интересна ситуацијата во групата Е.

Јапонија беше подобар противник, создаваше шанси, но не успеа да го совлада расположениот Кејлор Навас.

Тоа го казни Костарика и постигна гол преку Кејшер Фулер во 83-та минута, кој на крајот се покажа како пресуден.

По оваа победа, Шпанија, Јапонија и Костарика имаат по 3 поени во групата, додека Германците пред вечерашниот клучен меч со Шпанија се без бодови и сигурно ќе биде интересно до самиот крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фоден со хет-трик го разби АЕК: Сити немилосрден и без Халанд!

Манчестер Сити го совлада АЕК со 5-1 за втора победа во Лигата на шампионите, а Фил Фоден …