Дома Фудбал Италија „Кореа и Лаутаро се пронаоѓаат како да имаат ЏПС“

„Кореа и Лаутаро се пронаоѓаат како да имаат ЏПС“

Интер одлично ја отвори новата сезона во Серија А.

Актуелниот шампион на Италија без поголеми проблеми славеше против Џенова и Верона и покажа дека и сезонава ќе биде еден од главните кандидати за Скудетото.

Лаутаро, Џеко и Кореа во нападот изгледаат одлично. Поранешниот напаѓач на Интер, Жулио Круз е задоволен од тоа како изгледа аргентинскиот тандем.

„Го гледав натпреварот на Аргентина против Венецуела со пријателите. Лаутаро и Кореа се пронаоѓаат како да имаат ЏПС. Многу добро се разбираат и се покриваат. Тоа што играат заедно и во клубот и во репрезентацијата само дополнително ќе ги подобри“, изјави Круз.

Кореа имаше фантастично деби во дресот на Интер. Влезе во игра натпреварот со Верона и постигна два гола за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…