Дома Тенис Кончено се огласи Ѓоковиќ: Им благодарам на сите за поддршката, се фокусирам само на АО

Кончено се огласи Ѓоковиќ: Им благодарам на сите за поддршката, се фокусирам само на АО

Новак Ѓоковиќ конечно се огласи преку социјалните мрежи после сите случувања во Австралија во последните неколку дена.

Како што е познато, Ѓоковиќ е ослободен од страна на федералниот суд, кој му ја врати визата и ќе може да игра на Австралија Опен.

Неговото семејство потврди дека Новак е слободен човек и веќе го одработил првиот тренинг на терените во Мелбурн.

„Среќен сум и благодарен на Судот кој донесе одлука во моја корист и ми ја врати визата. Покрај се што се случи сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија Опен“.

„Се обидувам да се фокусирам само на турнирот. Дојдов овде да играм на еден од најголемите турнири пред фантастични навивачи. Им благодам на сите кои беа покрај мене и ми дадоа сила да се борам“, истакна Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…