Дома Фудбал Англија Конте навести заминување: Не знам дали ќе останам!

Конте навести заминување: Не знам дали ќе останам!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, призна дека не знае дали ќе продолжи да го води тимот следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со вчерашниот пораз од Тотенхем „сините“ се повеќе се оддалечија од Топ 4 односно од местата кои водат во Лигата на Шампионите следната година.

„Морам да бидам искрен, не знам дали ќе бидам во Челзи. Тоа не е мој проблем, туку е проблем на клубот. За нас менаџерите никогаш ништо не е случајно. Може да имате договор, но не знаете што ќе се случи по еден или два натпревари. Се зависи од резултатите“, изјави Конте.

Од неодамна се шпекулира дека Конте би можел да се врати на чело на италијанската репрезентација. Меѓутоа неговото име исто така се поврзува и со други европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар во Норчија се подготвува за европскиот предизвик со Купс! (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар утрово во Норчија одработија уште еден тренинг во текот на припремит…