Дома Трансфер зона Конте има три мети за јануари меѓу нив и несудениот македонски репрезентативец

Конте има три мети за јануари меѓу нив и несудениот македонски репрезентативец

Интер добро ја започна сезоната во Серија А, но тимот на моменти посебно тоа се виде во Лигата на шампионите, како и во дербито со Јувентус во Серија А покажува слабости поради кратката клупа.

Поради тоа Конте ќе побара од управата да му бидат доведени три засилувања, а наводно веќе им ги соопштил на луѓето во управата своите три мети.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наводно, Интер ќе се обиде да ги доведе Оливие Жиру, Дејан Кулушевски и Матео Дармијан.

Според „Газета дело Спорт“ Жиру веќе разговарал со управата на Интер и се согласил да биде замена за Ромелу Лукаку. Конте го познава Французинот од времето во Челзи. Договорот му истекува на крајот од сезоната и тој изгледа како реална мета.

Дејан Кулушевски кој е несуден македонски репрезентативец затоа што ја избра Шведска пред нашата селекција оваа сезона постигна два гола и запиша пет асистенции.

Дармија не желба на Конте веќе подолго време, а стратегот на Интер многу го цени бидејќи може да игра на секоја позиција во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…