Најголема желба на Антонио Конте е ѕвездата на Милан, Франк Кеси и ќе се обиде да го донесе до крајот на преодниот рок.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ подолго време преговараат со агентот на Кеси, но двете страни се далеку од договор, а последните информации се дека Тотенхем ја искористил таквата ситуација.




Имено, „спарси“ постигнале договор со Кеси за четиригодишна соработка и годишна плата од 10 милиони евра.
Милан не сака да го пушти играчот во јануари, но Тотенхем ќе се обиде да ги убеди „росонерите“ и е спремен да испрати понуда од 10 милиони евра за да го добие Кеси веднаш.




Конте имал телефонски разговор со играчот за врска и го убедил да ја прифати понудата на Тотенхем.