Дома Фудбал Англија Конте го врати Давид Луиз, но загуби друг фудбалер

Конте го врати Давид Луиз, но загуби друг фудбалер

0

Давид Луиз денес се врати на тренинзите на Челзи, откако пред неколку дена тренерот Антонио Конте го отстрани од тимот.

Бразилецот беше исфрлен од тимот пред големото дерби со Манчестер Јунајтед, но Конте одлучи денес да го врати на тренинзите.

Англиските медиуми пренесоа дека Конте имал жестока расправија со Давид Луиз и затоа решил да го острани од тимот, за да ја „олади главата“ неколку дена.

Сепак, покрај добите вести денес пристигнаа и лоши вести од тренингот на „сините“. Имено, новата аквизиција Тиму Бакајоко не го заврши денешниот тренинг поради болки.

Французинот ќе биде под знак крашалник за наредниот натпревар на Челзи против ВБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

И Меси има свој проблем со исхраната, на еден продукт не може да му одолее

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси призна дека често пати има проблем со …