Дома Останати Конор отиде предалеку: Жестоко ја навреди сопругата на Кабиб и доби бројни критики (ФОТО)

Конор отиде предалеку: Жестоко ја навреди сопругата на Кабиб и доби бројни критики (ФОТО)

0

Конор Мекгрегор жестоко ја навреди сопругата на Кабиб Нурмагомедов.

Кабиб е од исламска вероисповед, а то ирскиот борец пред нивната борба во октомври минатата година често го користеше за да го навреди Нурмагомедов.

Тогаш го исмејуваше Исламот, му нудеше на Кабиб алкохол и наиде на осуди од јавноста.

Во последно време, после неговата објава дека оди во пензија повторно е во „војна“ со Кабиб преку друштвените мрежи, а сега Ирецот одново отиде предалеку и ја навреди сопругата на УФЦ шампионот.

Конор на Твитер постави фотографија од венчавката на Кабиб и неговата сопруга која според исламнските обичаи е покриена со пешкир и напиша:

„Твојата жена е пешкир“.

После жестоките критики кои ги доби Конор го избриша твито

Оваа реакција на Конор доаѓа веројатно како одговор на Кабиб кој изјави дека Ирецот се однесува како љубоморна жена.

„Утре ќе каже дека се враќа и сите медиуми сите ќе пишуваат за тоа. Тоа е она што тој го сака. Не успеа да постигне договор со УФЦ и сега ќе игра на своја карта. Конор се однесува како љубоморна жена која цело време зборува дека заминува, но потоа се враќа“, гласеше изјавата на Нурмагомедов.

Иако Конор објави дека е во пензија ретко кој верува во таа негова објава и сите очекуваат да се врати во октагон, а ваквите провокации преку друштвените мрежи можеби се најава за такво нешто.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Флојд Мејведер објави крај на кариерата: Моето здравје е најважно

Eден од најголемите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер одлучи да каже – доста! На 42 …