Дома Фудбал Италија Конечно се огласи и Донарума: Зошто ме масакрираат?

Конечно се огласи и Донарума: Зошто ме масакрираат?

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума неодамна одби да го продолжи договорот со „роснерите“, а тоа предизвика скандал од големи размери во цела Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, 18-годишниот голман одби нов договор од матичниот клуб од 5 милиони евра по сезона и предизвика лавина на реакции не само кај фановите на Милан туку и кај неутралните љубители на фудбалот.

Веднаш беше прогласен за „предавник“ и „платеник“, на социјалните мрежи му извадија надимак „Доларума“, а на ЕП во Полска навивачите фрлаа по него со лажни долари.

Буквално цела Италија се сврте против младиот голман и го осуди гестот кој го договорија заедно со неговиот агент, а неговото семејство излезе во медиумите и призна дека Џиџо е многу тажен и дека постојано плаче.

Сега, после неколку дена конечно се огласи и Донарума кој смета дека не направил ништо за да предизвика такви реакции кај фановите и повеќето луѓе во Италија.

„Не направив ништо. Никогаш не сум рекол дека сакам да го напуштам Милан. Зошто вака ме масакрираат?“

Сега медиумите во Италија тврдат дека повторно се обновени преговорите за продолжување на договорот и тоа по барање на самиот Донарума и неговото семејство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …