Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Колумбија во проблем: Против Англија без најдобриот?

Колумбија во проблем: Против Англија без најдобриот?

Репрезентацијата на Колумбија стравува поради повреда на својот најдобар фудбалер.

Колумбијците со победата против Сенегал обезбедија пласман во нокаут фазата, каде што за ривал ја добија селекцијата на Англија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, уште во првото полувреме со Сенегалците натпреварот мораше да го напушти најдобриот фудбалер на оваа екипа, Хамес Родригез.

„Не е е пријатно, не знаеме на што сме. Хамес работеше максимално на последниот тренинг, немаше никакви знаци дека нешто не е во ред“, изјави селекторот Хозе Пекерман.

Колумбија го победи Сенегал со 1:0 и така се избори за место во осминафиналето на Светското првенство.

Родригез беше најдобар стрелец на минатиот Мундијал, а со Сенегал беше заменет во 31 минута од натпреварот.

Во осминафиналето Колумбијците ќе се сретнат со селекцијата на Англија на 3 јули во Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Следува голема реконструкција на Интер

Една генерација се ближи кон крајот и наскоро ќе добиеме ново лице на миланскиот Интер. Не…