Дома Фудбал Кога Киеза се враќа на терените?

Кога Киеза се враќа на терените?

Напаѓачот на Јувентус Федерико Киеза е блиску до враќање на тренинзите со остатокот од екипата.

Според последните инфорамции тој се наоѓа во последната фаза од индивидуалните тренинзи со топка после што би требало да се придружи на остатокот од екипата.

Тренерот Масимилијано Алегри искрено се надева дека ќе може да смета на него пред паузата поради Мундијалот во Катар, односно дека ќе заигра во втората половина на октомври.

Киеза е во аут уште од јануари откако заработи тешка повреда на лигаментите на коленото во натпреварот со Рома.

Пред повредата за Јувентус одигра 61 натпревар, постигна 18 голови и додаде 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…