Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Кога започува Мундијалот и Ибра е сериозен: Светското првенство е најдоброто нешто за еден играч

Кога започува Мундијалот и Ибра е сериозен: Светското првенство е најдоброто нешто за еден играч

0
ibrahimovic

Денес започнува Светското првенство фудбал, Шведска се пласираше на Мундијалот, но сепак нема да имаме прилика да уживаме во мајсториите на големиот Златан Ибрахимовиќ.

Ибра одлучи да не игра на Мундијалот, потоа во свој стил изјави и дека Светското првенство без него не е Светско првенство, сепак во последната изјава беше нешто повеќе сериозен.

„Пред неколку години се простив од националниот тим. Настапот на еден Мундијал е нешто најубаво што може да му се случи на еден фудбалер. Тоа е момент на вечно сеќавање, момент на чест“, изјави Ибрахимовиќ за „Спутник“.

Ибрахимовиќ кој има 36 години пред заминувањето за САД во тимот на Лос Анџелес Галакси го носеше дресот на повеќе европски гиганти како Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед… Тој е најдобар стрелец на сите времиња во шведската репрезентација, постигна 62 погодоци на 116 натпревари.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Синот на Пјаниќ ги собра симпатиите: Покажа техника како неговиот татко, па прослави како Роналдо (видео)

Миралем Пјаниќ на својот Инстаграм профил објави видео од својот син Един кој често пати з…