Дома Фудбал Ковач тешко ќе преживее: Баерн наскоро за тренер може да добие Французин!

Ковач тешко ќе преживее: Баерн наскоро за тренер може да добие Французин!

На хрватскиот стратег Нико Ковач ќе му биде потребно чудо за да не добие отказ на клупата на Баерн после големата резултатска криза во која се наоѓа германскиот гигант.

Во викендот кој е зад нас Баерн уште еднаш разочара против Фортуна и одигра 3:3, иако имаа предност од 3:1. Баерн од поодамна не бил во поголема криза, а германската јавност за тоа го обвинува токму Ковач, кој минатото лето пристигна на кормилото на шампионот на Германија.

Реномираниот „Билд“ веќе на големо пишува дека на Ковач му се спрема отказ и дека после натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите ќе биде именуван нов тренер.

Се пишува дека најголема желба на Баерн е Зинедин Зидан и наводно Германците ќе направат се за да го доведат, но не е познато колку тој има желба да превземе тим на средина од сезоната.

Покрај Зидан се споменува и Арсен Венгер како резервна опција.

Како и да е очекувањата се Ковач да замине, а останува да видиме кој ќе го наследи доколку тоа навистина се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Албанија подготвува даночен поттик за спонзорите: спортот чека зелено светло од парламентот

Компаниите што вложуваат во спортот би можеле да добијат даночно олеснување до 30 отсто, а…