Како и секое лето, Матео Ковачиќ е една од темите на Апенините. Односно, неговото враќање во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Играчот за врска на Реал Мадрид во 2015. година пристигна од Интер на „Сантијаго Бернабе“ и од тогаш често се поврзува со најголемите италијански клубови. Прво се споменуваше враќање во Интер, па беше заинтересан Милан, а сега, по кој знае кој пат – Јувентус. Барем според пишувањата на шпанските и италијанските медиуми.
Kovacic puede irse cedido a la Juventus https://t.co/wI9tqR8DZP pic.twitter.com/wtsFPo3MFx
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 4, 2017
Хрватскиот репрезентативец одлично играше за тимот на Зинедин Зидан во текот на подготовките и беше, без сомнение, еден од најдобрите играчи на актелниот европски првак. Меѓутоа, конкуренцијата е жестока, па медиумите повторно веруваат дека играчот би можел да го напушти Реал.
„Старата дама“ наводно е подготвен да го доведе на едногодишна позајмица, со задолжителен купопродажен договор следното лето за 25 милиони евра. Но, прашањето е дали Зидан ќе сака да се откаше од 23-годишниот играч, кој од минатата сезона одигра 39 натпревари (вкупно 2.154 минути), и постигна два гола, со три асистенции.