Дома Фудбал Клоп „создаде“ нова ѕвезда – цел Енфилд му се поклони на 20-годишниот Бредли

Клоп „создаде“ нова ѕвезда – цел Енфилд му се поклони на 20-годишниот Бредли

Јирген Клоп создаде нова ѕвезда на „Енфилд“. 20-годишниот десен бек Конор Бредли доби шанса да игра пред Трент Александер-Арнолд и апсолутно ја оправда довербата на германскиот стручњак.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот дефанзивец се истакна на теренот. Тој го постигна својот прв гол за Ливерпул во вториот настап во Премиер лигата, и запиша две асистенции.

Во 68. минута се случи момент кој ова дете ќе го памети цел живот. Клоп реши да го повлече од игра за да добие аплауз, а цел Енфилд потоа се крена на нозе.

Се слушаа извици „Има само еден Конор Бредли“ и сигурно е дека мечот на ова момче против Челзи ќе се памети додека е жив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…