Дома Фудбал Англија Клоп призна: Погрешив со Мане!

Клоп призна: Погрешив со Мане!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели првите впечатоци од напаѓачот Садио Мане и призна дека погрешил кога го видел прв пат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ја паметам мојата прва средба со Садио. Беше во Дортмунд. Видов едно момче со бејзбол капа која му беше ставена на криво. Изгледаше како лош рапер. Си помислив: Немам време за ова. Тогаш имавме добар тим и ми требаше играч кој на почетокот ќе биде на клупа и постепено ќе се развива“.

„Мислам дека имам добра проценка за луѓето, но тогаш погрешив. Потоа ја следев кариерата на Мане во Салцбург, после во Саутемптон каде доминираше. Убаво е што Садио се пресели во Ливерпул и сега соработуваме“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инфантино во соблекувалната на Иран! Снимен разговорот на претседателот на ФИФА со револтираниот тим /ВИДЕО/

Двајца ирански играчи и селекторот Амир Галеној изразија незадоволство заради органичувања…