Дома Фудбал Клоп откри кој е најдобриот фудбалер кој го тренирал

Клоп откри кој е најдобриот фудбалер кој го тренирал

Јирген Клоп за англиските медиуми откри кој е најдобриот фудбалер кој тој го тренирал.

Германецот во својата кариера навистина беше тренер на големи фудбалери, но според него еден се издвојува и тој не е од редовите на Ливерпул, туку од неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд.

„Најдобриот фудбалер со кој сум соработувал во мојата кариера е Марио Геце. Тој е неверојатен фудбалер“, истакна германскиот стручњак.

Сигурно дека оваа изјава на Клоп ќе послужи за голем број шпекулации во врска со иднината на Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…