Дома Фудбал Англија Клоп: Ние најдобри во Европа? Не, Сити е најдобриот тим во светот

Клоп: Ние најдобри во Европа? Не, Сити е најдобриот тим во светот

0

Tимот на Ливерпул и понатаму кокетира со главниот ривал.

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул често во медиумите со изјавите зборува за Манчестер Сити, а според она што сега го изјави за него и Манчестер Сити и понатаму е прв фаворит за титулата во Англија.

На прашањето дали Ливерпул е најдобар тим во Европа, Клоп даде интересен одговор:

„Не можеме да бидеме ние најдобри во Европа затоа што Манчестер Сити е најдобар тим во светот“, изјави Клоп.

Ливерпул после пет кола има 15 бодови, пет повеќе од бранителот на титулата, екипата на Манчестер Сити, а и едните и другите оваа година сакаат да бидат конкурентни во Лигата на шампионите.

Нема сомневање дека нас не чека многу возбудувања во Англија, пред се во борбата за првото место.

Неодамна интересна изјава за медиумите даде и агентот на Клоп кој порача дека не е сигурно дали Германецот ќе го продолжи договорот со Ливерпул поради временските услови.

„Додека работеше во Германија, Клоп ги избегнуваше мрачните утра и вечери така што одеше на годишен одмор во текот на зимската пауза во Бунедс лигата. Во Премиер лигата тоа не беше можно поради згуснатиот распоред. Иако оваа сезона во Англија ќе има зимска пауза лошото време го нервира Клоп. Се сеќавам дека Ливерпул во ноември или декември побара да го продолжат договорот. Јас им одговорив да почекаме. Јирген и неговата сопруга Ула стануваат рано и тогаш е мрак, а не им се допаѓа и тоа што навечер е тмурно или грми“, изјави агентот на Клоп, Марк Косицке.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ракитиќ се огласи после одењето пеш од аеродромот до дома (фото)

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се најде во голем проблем по враќањето во Барселон…