Дома Топ вести КЛОП НЕ ЗАПИРА: Ливерпул подготви 112 милиони евра за ѕвездата од Бундеслигата

КЛОП НЕ ЗАПИРА: Ливерпул подготви 112 милиони евра за ѕвездата од Бундеслигата

Ливерпул пронајде засилвуање кое ќе ги чини повеќе од 100 милиони фунти. Но, дали ќе успее да го доведе?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По играта против Рома во полуфиналето во Лигата на Шампионите, Ливерпул ќе може да бира играчи на летниот трансфер период, особено доколку ја освојат Лигата на Шампионите. Познато е дека Ливерпул има пари за засилувања, од продажбата на Кутињо, а доколку и ја освојат ЛШ ќе имаат дополнителни средства.

Познато е дека Ливерпул е заинтересиран за Томас Лемар од Монако. Тие и испратија понуда минатото лето, но таа беше одбиена од другата страна. Сега, како што пишуваат странските медиуми, Клоп „фрли око“ на играчот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

Леон е млад играч кој има само 20 години, но во него сите гледаат иднина, па така, младиот играч би можел да го чини Ливерпул повеќе и од Лемар, односно 100 милиони фунти. За Бејли се заинтересирани и повеќе големи клубови од Европа, а доколку Ливерпул сака да ги победи останатите клубови ќе мора да обезбеди пласман во ЛШ следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…