Дома Фудбал Англија Клоп го спореди Нуњес со Левандовски

Клоп го спореди Нуњес со Левандовски

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека Дарвин Нуњез го потсетува на Роберт Левандовски на стартот на кариерата и не е загрижен за тоа што Уругваецот не постигнува многу голови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


23-годишниот Нуњес ова лето пристигна од Бенфика за 85 милиони евра и од него се очекуваше многу, но до сега постига само 9 гола за Ливерпул.

„Има многу сличности. Мислам дека да го прашате и Леви ќе ви даде сличен одговор. Тој имаше тренинг-сесии во кои не даваше ниту еден гол. Имавме облози по 10 евра – ако постигнеш повеќе од 10 гола, ќе ти платам 10 евра, ако промашиш, тогаш ти ќе платиш. Џебовите ми беа полни пари. Потребна е смиреност. Кога ќе го видите потенцијалот, останете смирени“, вели Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал во последното коло во Премиер лигата? Поразот на Астон Вила носи можност за нов англиски тим во Лига на шампиони

Со освојувањето на Лига Европа, Астон Вила ја прекина 44-годишната пауза од европски трофе…