Дома Трансфер зона Клаузулата во договорот на Халанд разочара многу клубови

Клаузулата во договорот на Халанд разочара многу клубови

Ерлинг Халанд е вистинска напаѓачка сензација оваа сезона. Блесна во дресот на Салцбург и во јануари се пресели во редовите на Борусија Дортмунд.

За младиот Норвежанец интерес покажуваа многу европски гиганти, но Борусија успеа да ја добие битката за неговиот потпис.

Халанд пред еден месец се пресели во Дортмунд и веднаш почна да руши рекорди во Бундеслигата, а сега се појави информација дека напаѓачот има откупна клаузула во договорот.

Клаузулата изнесува 75 милони евра, но нема да важи ова лето, туку од 2021 година, па Борусија сигурно си го осигура напаѓачот за уште една сезона.

Борусија барала клаузулата да биде 100 милиони евра, додека неговиот агент сакал таа да изнесува 50 милиони евра, па двете страни се нашле на 75 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона драстично ја намали цената на Кутињо

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо пром…