Секогаш добро информираниот Џанлука Ди Марцио пренесува интересна вест поврзана со легендата на Милан, Кларен Сидорф.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите на Ди Марцио, Кларен Сидорф би можел да седне нa клупата на Депортиво Ла Коруња во шпанската примера.
Холанѓанецот не е единствената опција, но секако е најзвучното име, иако како тренер се уште не се докажал.
Сидорф во својата кариера како тренер до сега ги водеше екипите на Милан и кинескиот Шенжен и во двата клуба се задржа краток период, а од декември 2016 е без ангажман.
Депортиво во минатото коло доживеа дебакл на „Сантијаго Бернабеу“, Реал славеше со 7:1, а во последните пет натпревари освои само еден бод, па и не чуди што се наоѓаат во зоната на испаѓање.