Дома Фудбал Кларенс Сидорф стана селектор, а ќе му помага Патрик Клајверт!

Кларенс Сидорф стана селектор, а ќе му помага Патрик Клајверт!

После клупските ангажмани во Милан, кинескиот Шенжен и Депортиво Ла Коруња, Холанѓанецот, Кларенс Сидорф станува селектор!

Имено, денес беше објавено дека легендарниот фудбалер ќе го превземе Камерун откако пропадна договорот со Свен-Горан Ериксон.

Сидорф на селекторската позиција на Камерун ќе му помогна уште една фудбалска легенда, Патрик Клајверт.

Засега нема информации за должината на договорот на Сидорф и се очекуваат во текот на овој месец.

Во претходните три клупски ангажмани никаде Сидорф не се задржа повеќе од шест месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…