Дома Фудбал Англија Кин: Преку глава ми е од оправдувањата на Клоп, ако продолжат вака пак титулата ќе чекаат 30 години

Кин: Преку глава ми е од оправдувањата на Клоп, ако продолжат вака пак титулата ќе чекаат 30 години

Eден од најдобрите фудбалери во историјата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го криткуваше Ливерпул после поразот против Манчестер Сити од 1:4.

Кин го осуди отсуството на карактер кај фудбалерите на тимот од „Енфилд“. Легендарниот фудбалер смета дека со ваков пристап во Ливерпул ќе чекаат повторно 30 години на нова титула.

„Во Ливерпул изгледаат многу опуштено кога губат, живеат на славата од минатата сезона, таа титула ги крена во облаци. Мислеа дека лесно ќе победуваат и оваа сезона, но сега се соочуваат со реалност. Големите тимови после освоен пехар добиваат уште поголема желба да го повторат истото, такво нешто не гледам кај Ливерпул. Тие како да се само среќни што станаа шампиони после 30 години и толку. Ако имаат ваков пристап пак ќе чекаат 30 години до следната титула“.

„Повредите? Видете го Сити, дојде и се надигруваше без Де Брујн и Агуеро. Ливерпул е ослабен во одбраната, но се уште ги имаат најдобрите напаѓачи и најдобриот голман. Преку глава ми е да ги слушам истите оправдувања од Клоп“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…