Дома Фудбал Италија Кинезите се на потег: Стигна првата понуда за купување на Интер

Кинезите се на потег: Стигна првата понуда за купување на Интер

Британскиот инвестиционен фонд „Би-Си Партнерс“ испратил понуда до „Сунинг“ за купување на поголем дел од акциите на Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сунинг“ неодамна одлучи да се повлече од Интер. Објавија дека ќе го продадат својот дел во клубот кој изнесува 68.55%. „Би-Си Партнерс“ прв се јави. Наводно тие спремиле понуда од 750 милиони евра и во неа се вклучени долговите кои клубот од Милано ги има и кои изнесуваат помеѓу 400 и 500 милиони евра.

Меѓутоа се шпекулира дека кинеските сопственици ќе ја одбијат оваа понуда. Тие сакаат поголема сума, се споменува дури милијарда евра.

Прашање е дали некоја компанија, групација или инвестиционен фонд има желба да плати толкава сума за клуб кој е во долгови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус не е подготвен да плати на Астон Вила 10.000.000 евра и бонуси за голманот Емилиј…