Дома Трансфер зона Кинезите не прашуваат за цена: Фулам одбил огромна понуда за српскиот напаѓач – се очекува нова!

Кинезите не прашуваат за цена: Фулам одбил огромна понуда за српскиот напаѓач – се очекува нова!

Британскиот таблоид „Сан“ денес пренесува дека Фулам одбил богата понуда за српскиот напаѓач, Александар Митровиќ.

Како што пренесува споменатиот извор интерес за Митровиќ покажа кинески Гвангжу Евергранде кој испратил понуда вредна 55 милиони евра, но истата веднаш била одбиена.

„Сан наведува и дека богатите Кинези немаат намера да застана тука и ќе испратат нова уште поголема.

Од друга страна не е познато дали Фулам има воопшто желба да го продава Митровиќ во овој преоден рок.

Претходно овој напаѓач се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но тешко дека Фулам ќе се откаже од неговите услуги во овој преоден рок.

Во досегашниот дел од сезоната Митровиќ во Фулам постигна осум погодоци на 21 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ќе има промени во Јувентус: Отпишани петмина!

Eкипата на Јувентус денес се наоѓа во центарот на вниманието на италијанската јавност отка…