Дома Фудбал Англија Кејн нема да потпише нов договор, Тотенхем мора да донесе одлука

Кејн нема да потпише нов договор, Тотенхем мора да донесе одлука

Хери Кејн нема намера да го потпише мега-договорот кој му го нуди Тотенхем и веќе му ја соопштил својата намера на раководството.

Ова е притисок за претседателот Даниел Леви, кој мора да размисли дали сега да го продаде Кејн или да го пушти да си замине како слободен играч на крајот од сезоната.

Кејн има договор со Баерн Минхен и сака да се пресели на „Алијанц Арена“, но Тотенхем ги одби двете понуди на Баварците.

„До крајот на преодниот рок ќе има договор. Баерн ќе го привлече Кејн, тој самиот многу инсистира на овој трансфер“, тврдат медиумите во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ја шокираше фудбалската јавност и ја заврши кариерата

Лионел Меси одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и повеќе нема да го носи дресот …