Дома Фудбал Кејн: Конте треба да остане во Тотенхем

Кејн: Конте треба да остане во Тотенхем

Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн сака Антонио Конте да остане на кормилото на тимот и следната сезона.

Кејн истакна дека тимот исклучително напредувал под водство на Конте и смета дека најдобро за сите во клубот би било Италијанецот да остане на кормилото.

„Има уште работа да се направи, но напредокот дефинитивно е забележлив откако дојде Конте. Тоа кажува дека може многу да се направи за кратко време, но останува да видиме што ќе се случи на лето. Навистина немам поим за неговата иднина, да бидам искрен, тоа е негова одлука. Откако дојде, тој работеше напорно, тој е одличен човек, тој е страствен и што и да одлучи, ние ќе го почитуваме тоа“.

„Знам дека и другите момци сакаат да работат со него исто така. Би рекол дека сум негов голем обожавател, добро се согласуваме и би било одлично за клубот да остане. Сепак, ќе разговара со клубот и ќе одлучи“, изјави Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…