Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок ќе биде принуден да реагираи да доведе нов голман поради тешката повреда на Мануел Ноер.
Ноер заработи скршеница на ногата додека бил на скијање после настапот на Мундијалот и поради тоа нема да биде во комбинација за настап до крајот на сезоната. Баерн затоа ќе мора да доведе нов чувар на мрежата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите изборот паднал на Кејлор Навас. Костариканецот кој е дел од ПСЖ сезонава е во сенка на Донарума и нема да биде изненадување ако Париз го замени со Минхен.
Во текот на летото Навас се поврзуваше и со Наполи, но тој трансфер на крајот не се реализираше и голманот остана на „Паркот на принцовите“.
Сепак кај Галтие не добива многу прилика и Донарума е прв голман, па затоа може да се реши за промена.