Шпанските медиуми пренесуваат дека Кејлор Навас на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Кралевите“ веќе го доворија трансферот на Кепа Аризабалага кој би требало да биде прв избор за голманската позиција.
Шпанските медиуми тврдат дека Навас не сака да ја грее клупата и на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“, а како најверојатна дестинација се споменува Милан.
Имено, „росонерите“ на крајот на сезоната најверојатно ќе се разделат со Донарума, па веќе ја почнаа потрагата по негова замена.
Доколку замине Донарума, Навас сигурно ќе биде прв избор на „Сан Сиро“ и наводно веќе ги остварил првите контакти со „росонерите“.