Дома Македонски спорт Мак ракомет Кастратовиќ останува во Вардар – ќе работи во Академијата

Кастратовиќ останува во Вардар – ќе работи во Академијата

Индира Кастратовиќ, која од пред две недели не е повеќе тренер на ЖРК Вардар, ќе остане во клубот и ќе работи во Академијата со младите генерации.

„Пред неколку дена ми се јави Индира, ми кажа дека сака да остане во клубот, да работи со младите. Бев на службен пат и сега немам детални информации, но мислам дека Индира од 1 ноември започна да работи во Академијата на Вардар со малдите категории“, откри сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Индира Кастратовиќ на кормилото на Вардар застана пред четири години, во тој период освои четири титули и три купа на домашната сцена, а во Лигата на шампионките трипати го освојуваше третото место.

Инаку, Индира на клупата на женскиот тим на Вардар, ја наследи Давид Дејвис Камара, кој му беше помошник на Раул Гонзалес во машкиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Младиот чувар на мрежата на Алкалоид, Иван Галевски, кој блесна во првиот финален натпрева…