Дома Трансфер зона Касиљас не оди во пензија: Еве каде ќе брани следната сезона

Касиљас не оди во пензија: Еве каде ќе брани следната сезона

0

Легендарниот шпански голман Икер Касиља ќе потпише нов договор со Порто, пренесува добро информираната „Марка“.

Иако во претходните месеци се шпекулираше со негово заминување во САД, по се изгледа 38-годишниот голман и наредната сезона ќе остане во португалскиот гигант.

„Марка“ пренесува дека Касиљас во Порто ќе остане и следната сезона, бидејќи неговите настапи оваа сезона ги убедиле челниците на клубот да му понудат договор на уште една сезона.

Касиљас е легенда на Реал Мадрид, но во јули 2015 година се пресели во Порто и веќе четири сезони го носи дресот на португалскиот клуб.


Следете го Sportski.mk и на


Шпанскиот голман освои се што можеше да се освои во фудбалот. Со Реал Мадрид освои пет титули во Примера, два Купа и три пати ја освои Лигата на шампиони, меѓу другото.

Со шпанската репрезентација го освои Европското првенство во 2008 и 2012 година, како и Светското првенство во 2010 година.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Солскјер блиску до ангажман на играч кој Зидан го смета за „вишок“?

Манчестер Јунајтед игра одлично под водство на Оле Гунар Солскјер и тоа им е добро познато…