Викендов во Истанбул се додржа 14-то Балканско првенство за сениори-ки, во дисциплините борби и кати во поединечна и екипна конкуренција. Каратистките на Макпетрол успеаја да освојат две медали еден златен и еден бронзен.
Македонската репрезентативка Симона Заборска успеа да го освои златниот медал на ова балканско првенство во категоријата -55 кг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Патот до медалот во елиминацискиот дел беше со постигнати три победи и тоа над: Анџела Солдо (БиХ) 3-1, Дугче Демиш (Турција) 2-1 и Јована Георгиева (Македонија) 2-1. Во Финалната борба Симона Заборска не дозволи никакво изненадување и со победа од 5:1 против Ана Драшковиќ (Црна Гора) го освои златниот медал и стана балканска шампионка.
Феноменалниот резултат на Заборска беше надополнет и со одличен настап на Наташа Стефановска, која пак го освои бронзениот медал. Наташа полуфиналната борба ја загуби со минимален резултат 0-1, и потоа во репасажната борба за медал успеа да ја победи повеќекратната европска медалистка Јелена Максимович (Црна Гора), и го освои бронзениот медал.