Дома Фудбал Лига на шампиони Карагер: Ова е засрамувачки, никој на „Енфилд“ не го уништил Ливерпул на ваков начин

Карагер: Ова е засрамувачки, никој на „Енфилд“ не го уништил Ливерпул на ваков начин

Реал Мадрид вчера го победи Ливерпул со 2:5 на „Енфилд“ и сега има сериозна предност пред реваншот кој ќе го игра на свој терен. Внимание по натпреварот привлече и клупската легенда на „црвените“, Џејми Карагер.

Пред натпреварот Карагер потенцираше дека Реал имал многу среќа минатата сезона кога стана европски шампион.

„Реал Мадрид минатата година беше најсреќниот тим во Лигата на шампионите“, изјави Карагер.

Сепак, по натпреварот зборуваше поинаку и имаше само големи пофалби за тимот на Карло Анчелоти.

„Не се чувствувам најдобро, одлична игра на Реал. Никогаш не сум видел еден тим да дојде на „Енфилд“ и така да го уништи Ливерпул во европски натпревар. Ова беше засрамувачки“, изјави поранешниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вакво нешто во Сити не се памети: Имаа рекордна заработка од продажба на фудбалери!

Нови ветришта дуваат на Етихад. Навикнати сме да Манчестер Сити многу вложува за време на …