Дома Фудбал Карагер има совет за Мбапе: Замини од Париз, ПСЖ не е тим!

Карагер има совет за Мбапе: Замини од Париз, ПСЖ не е тим!

ПСЖ загуби на гостувањето кај Баерн Минхен со 0-2 и така испадна од Лигата на шампиони (ЛШ), а коментар за натпреварот даде и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.

Карагер работи како стручен коментатор, а за ПСЖ кажа дека му е мило што испаднале од ЛШ.

„Воодушевен сум што испадна ПСЖ. Не ми се допаѓаат. Тоа не е тим. Трошат пари повеќе од било кој, а испаѓаат во осминафинале. Килијан Мбапе мора да го напушти Париз“, истакна Карагер.

Ова е петто испаѓање на ПСЖ во рана фаза од ЛШ во последните седум години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, Интер прокоцка два гола предност: Луди 4-4 во Бергамо!

Елиф Елмас беше меѓу стрелците во спектакуларното реми на Аталанта и Интер, во кое ниту пр…