Дома Трансфер зона Капитенот на младинскиот тим на Барселона се сели на „Олд Трафорд“

Капитенот на младинскиот тим на Барселона се сели на „Олд Трафорд“

Капитенот на тимот до 16 години на Барселона, Марк Хурадо потврди денес дека го напушта клубот.

Шпанските медиуми се сигурни дека талентот кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед и дека веќе има договор со „црвените ѓаволи“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Никогаш не е лесно да напуштиш клуб кој ти дал се. Барселона е мојот втор дом и моето второ семејство. Денес е време да кажам збогум, но сакам да им заблагодарам на сите кои ми помогнаа од 2011 година до денес“, напишта Хурадо на Инстаграм.

Десниот бек се смета за еден од најголемите таленти во школата на Барселона и Каталонците сакаа да го задржат на истиот начин како и неговиот соиграч Ансу Фати.

Манчестер Јунајтед успеа да го убеди талентот да се пресели на „Олд Трафорд“ и ќе и плати на Барселона 200.000 евра како компензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…