Поранешниот тренер Фабио Капело го спореди случајот меѓу францускиот селектор Дидие Дешам и напаѓачот Карим Бензема со негов случај од 1993 година со легендарниот Дејан Савичевиќ.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капело доби прашање од новинарите дали Дешам згреши што не го повика Бензема за финалето на Светското првенство (СП) во Катар, кое ѝ припадна на Аргентина по изведување на пенали.




„Не, Дешам не згреши. Јас истото го направив со Савичевиќ во 1993 година во Интерконтиненталниот Куп.




Савичевиќ ми кажа дека е подготвен да игра откако јас решив да му дадам шанса на Радучоју. Не му дозволив да игра. Мислам дека тоа беше фер одлука за тимот“, кажа Капело.



