Дома Фудбал Останато Капело: На Рома не и е доволен само Мурињо

Капело: На Рома не и е доволен само Мурињо

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело денес во медиумите ја коментираше веста дека Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капело е важно име во историјата на Рома затоа што со римскиот клуб ја освои титулата шампион во 2001 година, а околу доаѓањето на Мурињо во Рим не е оптимистичен.

„Само одличен тренер не е доволен за успех. На Рома и се потребни и подобри играчи. Мурињо е големо име и искусен тренер кој многу добро ја познава Италија, па ќе му биде лесно да се прилагоди. Се надевам дека ќе биде добар како и во Интер“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хит приказна: Навивач исчезнал десет дена, па го нашле како се забавува во Барселона – не знаел дека Интерпол го бара!

Англискиот навивач Мајкл Хјуит (65) беше пронајден жив и здрав по десетдневна потрага за в…