Калин Ивановски стартуваше со победа на вториот турнир во Монстаир, Тунис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
18-годишниот македонски тенисер во изминатиот викенд стигна до својата прва сениорска титула освојувајќи го турнирот М15 во овој туниски град. Денес во првото коло на вториот турнир беше подобар од Максиумс Џоунс од Тајланд.




Калин славеше во три сета, првиот го доби после тај брејк 6:7, а во следните два беше посигурен со 6:3 и 6:2.




Следното коло за Калин ќе донесе меч со третиот носител на турнирот Сирил Вандермереш од Франција. Минатата недела на првиот турнир Ивановски беше подобар од него во полуфиналето.