Дома Фудбал Останато Како ќе изгледа летниот преоден рок?

Како ќе изгледа летниот преоден рок?

Престојниот летен преоден рок би можел да трае цели осум месеци, што е незапаметено во фудбалската историја.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради пандемијата со коронавирусот сите фудбалски лиги во светот се запрени. Поради тоа клубовите бележат големи загуби и нивните буџети се на голем удар.

Токму поради тоа клубовите официјално побараа од ФИФА да се продолжи летниот преоден рок за да имаат доволно време да ги реализираат трансферите бидејќи веројатно е дека двете сезони ќе се преклопат.

Па така истовремено додека трае сезоната би можел да биде отворен и трансфер пазарот, поточно летниот и зимски преоден рок да се спојат, за клубовите да имаат доволно време за реализација на посакуваните трансфери.

ФИФА сериозно го разгледува овој предлог и нема да биде изненадување доколку го прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски може да направи спектакуларен трансфер во Премиер лигата!

Поранешниот англиски репрезентативец Петер Крауч го советуваше својот некогашен клуб да го…