Дома Фудбал Останато Како најголем хрватски талент потпиша за Барса, сега ќе игра во италијанска трета лига

Како најголем хрватски талент потпиша за Барса, сега ќе игра во италијанска трета лига

Младиот хрватски фудбалер, Ален Халиловиќ најверојатно кариерата ќе ја продолжи во третата италијанска лига и ќе го облече дресот на Арецо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арецо неодамна го ангажираше и Алесио Черчи, па сега сака да донесе уште една ѕвезда во Серија Ц. Халиловиќ ова лето го раскина договорот со Милан и сега е слободен агент.

Хрватот за „росонерите“ одигра само 60 минути, а минатата сезона ја помина на позајмица во Херенверн.

Халиловиќ важеше за најголем хрватски талент и пред шест години се пресели во Барселона за 5 милиони евра.

Не се снајде во Каталонија, па беше испраќан на позајмица, а пред три години се пресели во Милан, каде исто така се покажа како промашување.

Сега е без клуб и спас на кариерата ќе бара во Серија Ц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…