Дома Фудбал Светско првенство во фудбал КАКОВ ШОК ЗА АНГЛИЈА: Еден од најдобрите играчи се повреди, настапите на Мундијалот под знак прашалник

КАКОВ ШОК ЗА АНГЛИЈА: Еден од најдобрите играчи се повреди, настапите на Мундијалот под знак прашалник

Деле Али синоќа го напушти натпреварот против Тунис пред последниот судиски свиреж.

Одличниот играч за врска во 80. минута го замени Рубен Лофтус-Чик, а причината беше повредата на Али, потврдуваат од англиската репрезентација. За сега не е познато колку повредата е сериозна, Али го пропушти денешниот тренинг за да оди на прегледи на кои ќе се потврди природата на повредата, а резултатите од прегледите ќе ги дознаеме во текот на денот.

За репрезентацијата на Англија повредата на одличниот играч би бил голем удар, кој би можел да има значително влијание врз понатомониот тек на првенството, кога станува збор за Гордиот Албион. Потсетуваме, Англија ја победи Тунис со 2:1 со двата гола на Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…