Дома Трансфер зона Каков потег на Каталонците: Ништо не наговестуваше дека на „Камп Ноу“ пристигнува ѕвездата на Наполи?!

Каков потег на Каталонците: Ништо не наговестуваше дека на „Камп Ноу“ пристигнува ѕвездата на Наполи?!

Барселона вчера го потврди трансферот на Осман Дембеле, но јасно е дека Каталоците летниот преоден рок нема да го завршат тука.

По заминувањето на Нејмар стана јасно дека Барселона мора да ја донесе адекватната замена. Првата желба на Каталонците е Филипе Кутињо, но Ливерпул не сака да чуе за понудите на Барселона бидејќи Јирген Клоп не сака да го продаде својот најдобар играч. Иако Дембеле пристигна на „Камп Ноу“ се очекува Барселона да донесе уште едно засилување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот клуб се уште не се откажал од Кутињо и до последен момент ќе се обиде да го наговори Ливерпул да ја прифати понудата. Сепак, шпанските медиуми пренесоа денес дека Барселона во тајност се обидува да ја донесе ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Како што се наведува, челниците на Барселона сакаат на лукав начин да го донесат Инсиње, па веќе испратиле понуда до Наполи за него. Каталонците се подготвени за него да платат 100 милиони евра што е сигурно примамлива понуда за Наполи. Меѓутоа, тешко е да се очекува дека италијанскиот клуб ќе се откаже од него во самиот финиш на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…